+389 2 3113 059

„Феминистичко образование за сите 2023

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и во 2023 година ја одржува неформалната школа „Феминистичко образование за сите 2023“. Таа ќе се одржи од октомври до декември во хибридна варијанта. Годинава, неформалната школа се фокусира на младите и нивното запознавање на суштинската врска меѓу феминизмот и родовите студии. Главните теми на кои ќе се одржат предавањата опфаќаат: историја на феминизмот, врската на феминизмот со Марксизмот, Исламот, менталното здравје, мајчинството… додека методски пристап е интерсекцискиот феминизам.

Неформалната школа е поддржана од фондацијата Kvinna till Kvinna додека Институот кој е акредитиран и како високобразовна установа ќе издаде сертификат за неформално образование. Документот е со пресметана вредност во ЕКТС кредити кој би им послужил на оние што студираат или учествуваат во програми на доживотно учење.

Брошурата за овогодинешната школа може да ја погледнете на линкот подолу.