+389 2 3113 059

Како Република Македонија да добие функционален парламент

Како Република Македонија да добие функционален парламент

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје на 11.04.2018 (среда) во 12 часот во просториите на Парк Хотел и спа ја организира дискусијата „Како Република Македонија да добие функционален парламент“. На настанот како дискутанти се поканети: Ненад Марковиќ (ИДСЦС), Фросина Ременски (СДСМ), Влатко Ѓорчев (ВМРО ДПМНЕ) и Џевад Адеми (ДУИ), додека во улога на модератор е Гордан Георгиев (ИОХН-С).

Главната цел на дискусијата е да поттикне поширока расправа за функционалноста на Собранието на РМ, што е поврзано и со препораките на Групата од високи експерти за системските прашања за владеење на правото. Настанот ќе цели да ги опфати можните решенија за: еманципација на законодавната од извршната власт, подигнување на општото ниво на дебата во парламентот преку делиберативни методи, како и поголемо вклучување на јавноста/граѓанските организации во работата на собранието.

Подетално, темите за кои ќе се дискутира се:
• Делиберација наспроти јалови дебати во парламентот
• Позицијата на опозицијата во парламентот
• Парламентот како механизам за надзор и отчетност на извршната власт
• Изборниот систем и функционалноста на парламентот
• Силни политички партии – слаби пратеници?!?

Настанот е дел од проектот „Дискусии за итните реформски приоритети“ што ИОХН-Скопје го спроведува со поддршка на фондацијата National Endowment for Democracy. Основната цел на проектот е преку серија на дебати и консултации со клучните општествени чинители да овозможи полесно разбирање и спроведување на Итните реформски приоритети наведени во извештајот на г-дин Рајнхард Прибе.

На настанот ќе биде претставен и документот (position paper) на ИОХН-Скопје за системски промени во структурата на парламентот и изборниот систем.

За најава на Вашето присуство, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефонскиот број (0) 2 3 113 059

Агенда на настанот