+389 2 3113 059

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ ЗА 3 МЕСТА ВО СТУДИСКАТА ПРОГРАМА: СТУДИИ НА ПОЛИТИКИТЕ

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ за 3 места во студиската програма: Студии на политиките

КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ
Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2018-2019 година
за упис на студенти на магистерски студии од следава област:

-Студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни

ФИНАЛЕН УПИСЕН РОК 
(16 ноември 2018 – 23 ноември 2018)

Услови на запишување:

– за едногодишните студии: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
– за двегодишните студии: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
Голем дел од наставниот материјал е достапен и на англиски јазик, па затоа се очекува студентите солидно да го владеат овој странски јазик.

Број на слободни места: 3

Потребни документи:
– Пополнета пријава за упис на студии може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во мени-то на македонската верзија на страницата) или од линкот подолу.
– Диплома или уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита за едногодишните студии, односно 3 години или 180 кредити за двегодишните студи) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сѐ уште не дипломирал/а, може да достави документ за досега положените испити, а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително пред потпишувањето на договорот за упис. Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање се доставува и во тврда копија пред потпишувањето на договорот за студирање.
– Лична биографија (CV).

Првиот уписен рок трае до 23 ноември 2018. Пријавата со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на [email protected]. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk

Трошоци на студирање:
– За едногодишните студиски програми цената е 550 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.
– За двегодишните студиски програми цената е 800 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.

Ве известуваме дека Институтот овозможува школарината да се плаќа на рати.

Институтот нуди Еразмус+ шема за мобилност на студенти и наставен кадар помеѓу високообразовни установи од програмските земји (ЕУ членките и Норвешка, Исланд, Луксембург и Турција). Институтот во моментот е во преговори за размена на студенти со неколку универзитети од овие земји, како што се: Голдсмитс (Универзитет од Лондон), Централно Европски Универзитет (ЦЕУ, Будимпешта), Кингстон колеџ (од Англија) и други. Заинтересираните студенти запишани на Институтот ќе имаат можност дел од своето образование да го поминат на некој од овие универзитетите.

Наставен кадар: Проф. Дона Колар-Панов, Проф. Катерина Колозова, Проф. Маја Мухиќ, Проф. Сенка Анастасова, Доц. Викторија Боровска, Доц. Бранимир Јовановиќ, Доц. Гордан Георгиев, Доц. Ана Блажева, Доц. Калина Лечевска, Доц. Елизабета Баковска, Доц. Ристо Карајков, Доц. Ирена Цветковиќ и др.

Контакт лица: Ристо Алексовски и доц. д-р Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на [email protected], [email protected], [email protected] и на тел/факс.: +389 2 31 13 059 / 070 894 174

ПРИЈАВА ЗА УПИС НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ