+389 2 3113 059

Повик за учество во Школата „Феминистичко образование за сите!“

Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство го објавува повикот за упис на партиципанти за школаta „Феминистичко образование за сите“. Школата е поддржана од страна на фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведска.

Живееме во ера кога родовата еднаквост, идејата за културната конструираност на родот и вклучување на родот во главните текови (gender mainstreaming) многу од активистките и жените кои професионално се занимааваат со темата, не ја препознаваат врската меѓу феминизмот и родовата еднаквост. Концептот на „род“ (gender) е производ на третиот бран феминизам, при што Џудит Батлер, автор/ката на Gender Trouble, и денес себеси се опишува како феминистички филозоф/ка. Зошто е тоа така и зошто толку млади денес мислат дека концептот на род е некако одвоен од феминизмот? Кои се корените на тој поим? Но и во кој правец одат трендовите на родовата и феминистичка теорија во првите децении на 21 век? Повеќето од нас, сѐ уште оперираат со дефиницијата на род (наспроти „пол“) креирана во 90-тите и на почетокот на 2000-те. Но денес, се случуваат многу новини кои ја реконструираат и прошируваат оваа концепција и за кои малку знаеме (како ксенофеминизам, феминистички материјализам и слично), и тоа од теорија (академска средина) во пракса (активизам). Ќе понудиме поглед кон корените, историјата на феминизмот и родовите студии, но и вовед во сегашноста која гледа кон иднината, поставува нови хоризонти на разбирањето на концептот на род и критиката на патријархатот.

Особено охрабрени да се пријават се младите и тоа од средини кои не се дел од метрополата, рурални средини, но секако и секој друг кој е заинтересиран/а да го помине овој интензивен длабински вовед по родови студии, прилагоден за сечие знаење и пренесен првенствено преку разговор и активности. Понудените теми се:

Хибридните курсеви (во училницата на институтот и преку Zoom) ќе се нудат во овие области: 1) Вовед во основите на феминистичките студии, вклучувајќи кратка историја на идеи и движења (проширен или две сесии), (2) и (3) Главни интелектуални идеи и нивните политички одрази во 21. век: Третиот бран феминизам, ксенофеминизам и нови феминистички материјализми (проширена сесија), 4) Феминизам, технологија и киберфеминизам, 5) Мајчинството и неговата реалност во 21. век,6) Феминистички и родови студии од теорија до практика на политики, 7) Феминизам, род и ментално здравје. Финалната сесија (8) ќе биде посветена на презентации на студентите и завршни заклучоци и организирана како еден вид тркалезна маса.

Работен јазик: македонски (некои од наставните материјали се достапни само на англиски), додека проектните изработки на студент/ките може да се на нивните мајчини јазици иако самото презентирање би се одвивало на македонски.

Пријавете се овде: Апликација и попонете го овој кус и едноставен формулар.

Рок за пријавување до 31 октомври 2025.