Школа „Феминистичко образование за сите“
Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство го најавува овогодинешното издание на школата „Феминистичко образование за сите 2025 – 2026“. Школата е поддржана од страна на фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведска.
За школата:
Живееме во ера кога родовата еднаквост, идејата за културната конструираност на родот и вклучување на родот во главните текови (gender mainstreaming) многу од активистките и жените кои професионално се занимааваат со темата, не ја препознаваат врската меѓу феминизмот и родовата еднаквост. Концептот на „род“ (gender) е производ на третиот бран феминизам, при што Џудит Батлер, автор/ката на Gender Trouble, и денес себеси се опишува како феминистички филозоф/ка. Зошто е тоа така и зошто толку млади денес мислат дека концептот на род е некако одвоен од феминизмот? Кои се корените на тој поим? Но и во кој правец одат трендовите на родовата и феминистичка теорија во првите децении на 21 век? Повеќето од нас, сѐ уште оперираат со дефиницијата на род (наспроти „пол“) креирана во 90-тите и на почетокот на 2000-те. Но денес, се случуваат многу новини кои ја реконструираат и прошируваат оваа концепција и за кои малку знаеме (како ксенофеминизам, феминистички материјализам и слично), и тоа од теорија (академска средина) во пракса (активизам). Ќе понудиме поглед кон корените, историјата на феминизмот и родовите студии, но и вовед во сегашноста која гледа кон иднината, поставува нови хоризонти на разбирањето на концептот на род и критиката на патријархатот.
Хибридните курсеви (во училницата на институтот и преку Zoom) ќе се нудат во овие области: 1) Вовед во основите на феминистичките студии, вклучувајќи кратка историја на идеи и движења (проширен или две сесии), (2) и (3) Главни интелектуални идеи и нивните политички одрази во 21. век: Третиот бран феминизам, ксенофеминизам и нови феминистички материјализми (проширена сесија), 4) Феминизам, технологија и киберфеминизам, 5) Мајчинството и неговата реалност во 21. век,6) Феминистички и родови студии од теорија до практика на политики, 7) Феминизам, род и ментално здравје. Финалната сесија (8) ќе биде посветена на презентации на студентите и завршни заклучоци и организирана како еден вид тркалезна маса.
