МАГИСТЕРСКИ ТРУД – ДOРОТИ ПАЧКОВА
Автор: Дороти Пачкова
Наслов: Социоекономска дискриминација на самохраните мајки во Македонија
Година: 2018
Студиска програма: Родови студии
Апстракт
Овој магистерски труд ја истражува социоекономската положба и формите на дискриминација со кои се соочуваат самохраните мајки во Република Македонија, од родова и интердисциплинарна перспектива. Истражувањето тргнува од констатацијата дека во македонскиот контекст постои сериозен недостиг од систематски податоци и истражувања за самохраното родителство и еднородителските семејства, и покрај нивната висока социјална ранливост.
Трудот комбинира теоретска анализа, компаративна правна анализа и емпириско истражување со самохраните мајки како целна група. Анализирани се уставната и законската рамка, јавните политики и институционалните практики во областа на трудот, социјалната заштита, здравството, образованието и домувањето. Истражувањето се темели на родова перспектива и етика на грижа, потпирајќи се на феминистичката епистемологија на стојалиште.
Резултатите покажуваат дека самохраните мајки се соочуваат со структурна, индиректна и институционална дискриминација, која произлегува од постојните правни и социјални системи и од доминантните културолошки и идеолошки матрици. Во завршниот дел се формулираат конкретни препораки за креирање нови, поинклузивни јавни политики и системски мерки насочени кон унапредување на социјалната правда, родовата еднаквост и економската сигурност на самохраните мајки.
Клучни зборови
самохрани мајки, социоекономска дискриминација, родова нееднаквост, структурна дискриминација, социјална држава, сиромаштија, јавни политики, еднородителски семејства
Преземи магистерски труд
https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Maгистерски-труд-Дороти-Пачкова.pdf
