МАГИСТЕРСКИ ТРУД – АНЕТА ПАУНОВСКА
Автор: Анета Пауновска
Наслов: Испреплетувањето на природата и културата во ерата на друштвените медиуми и вмреженото општество
Година: 2016
Студиска програма: Студии на културата
Институција: Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје
Апстракт
Човечкото општество отсекогаш било втемелено врз вмрежувањето како најсигурен начин за опстанок на заедницата. Само што во текот на историјата, со развојот на технологиите и унапредувањето на мислата – процес кој се одвивал многу долго и сѐ уште трае – видовите мрежи и вмрежувања се менувале. При таа промена ја формирале и човековата природа и неговата животна средина.
Човекот е обдарен со посебен вид способност да создава комплексен вид култура во функција на неговите биолошки и ментални потреби. Преку нејзините практични резултати тој си ја олеснувал, ја правел побезбедна и технички ја унапредувал својата положба во рамките на природата и општествените заедници. Преку нејзините акумулирани магиски, митски, религиски, филозофски, уметнички и научни искуства, човекот се спознавал и се објаснувал себеси, животот и светот.
Во 20. век, со индустрискиот вид производство и со развојот на комуникациските технологии, особено со појавата на компјутерот и интернетот, се случи обединување на сите видови меѓучовечко општење. Овој процес го означи раѓањето на вмреженото општество, во кое културата станува нова, артифициелна природа, а човекот сѐ повеќе го преместува своето живеење во дигиталната и виртуелната средина.
Клучни зборови
природа, култура, вмрежување, индивидуализација, заедница, технологија, средина, кибер-простор, комуникација, животна средина
Превземи магистерски труд
https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Магистерски-труд-Анета-Пауноска.pdf
