+389 2 3113 059

Доц. Д-р Гордан Георгиев

Доц. Д-р Гордан Георгиев

Гордан Георгиев е активен во граѓанскиот сектор веќе 20 години. Георгиев беше извршен директор на Форум-ЦСРД, една од водечките тинк-тенк институции во Македонија и директор на Македонската школа за политика, под покровителство на Советот на Европа и дел од регионалната мрежа од училиштата за политика составена од 15 земји од Балканот, Русија и Комонвелтот на независни држави.

Тој исто така бил ангажиран во проекти на Центарот за истражување на меѓународните односи (CERI) во Париз и во проекти од мисијата на Charles Leopold Mayer Foundation во Конго-Бразавил и Конго-Киншаса. Тој е експерт на Фондацијата Вестминстер за демократија (WFD), а работел и како експерт и независен консултант за Швајцарската Агенција за Соработка и Развој (SDC), како и други меѓународни тела.

Неговата експертиза вклучува истражувања и теренски проекти кои се однесуваат на демократска стабилизација, помирување, меѓуетнички односи, политички, реформи и консолидација на политичките партии, регионална политичка соработка, меѓународни односи и регионални безбедносни прашања, реформа на парламентарните практики, децентрализација и реформа на локалната самоуправа.

Од 2009 до 2013 година, Георгиев беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија (СДСМ), каде што претседавал со Комитетот за култура.

Тој има дипломирано и магистрирано политички науки и меѓународни односи на Институтот за политички науки во Париз, како и има магистрирано Европски студии на Кингс Колеџот од Лондон. Во 2009 година тој ја реализираше Програмата за извршно образование на Харвард. Во 2016 се стекнал со степен доктор по политички науки, работејќи на општествени системски теории и структурите на моќ.

Има објавувано трудови во многу регионални и меѓународни списанија. Георгиев е дел од авторите на “Проблемите на репрезенттивната демократија во Европа “, приредена од Јан Мариус Вирсма (2014, Vangennep Amsterdam) и на “Преобликување на имиџот на политичките партии во ЈИЕ”, приредено од Георги Карасименов (2007).

Георгиев моментално е вонреден професор на Правниот факултет, ФОН Универзитет во Скопје.

 

Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059