Доц. Д-р Тихомир Топузовски
научен соработник/ доцент
[email protected]
Тихомир Топузовски има докторирано на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје и на Академијата за ликовни уметности
во Скопје, каде има одбрането и магистерски труд. Реализирал постдокторски истражувачки престој на Универзитетот Содерторн во Стокхолм, Шведска. Неговите истражувачки интереси се фокусираат на пресекот помеѓу филозофијата, политиката, визуелните уметности и науките за животната средина. Добитник е на повеќе награди, стипендии и истражувачки грантови. Неговите последни публикации вклучуваат монографија ,,Postanarchism and Critical Art Practices’’ која ќе се публикува од Bloomsbury Academic; Eдитирана книга со Сол Њумен, ,,The Posthuman Pandemic’’ (2021) , публикувана од Bloomsbury Academic, текстот ,,Aesthetics technique and spatial occupation in hybrid political regimes’’ (2021) објавено во списанието Baltic Worlds, Vol. XIV:3, pp 57-63 (2021), како и поглавје во книга со Лорен Андрес ,,Political protest, temporary urbanism and the deactivation of urban spaces’’ (2020), во изданието ,,Transforming Cities Through Temporary Urbanism – A Comparative Overview’’ публикувано од Springer. Има учествувано и организирано серија уметнички проекти и презентации, вклучувајќи ги ,,Без/редие во светот на уметноста’’ и ,,Пејзаж на вознемиреност.’’ Од 2018 година, Топузовски е главен и одговорен уредник на списанието „Големото Стакло“ (Списание за современа уметност, култура и теорија).
Михал Вит
научен соработник/ доцент
Михал е доцент на Универзитетот Метрополитен во Прага. Докторирал во 2017. Претходно, работел со Институтот за европска политика (Institute for European Policy – IEP) во Берлин и ЕВРОПЕУМ во Прага. Има истражувачки стипендии на Универзитетот во Констанц и Универзитетот во Виена, Универзитетот на Југоисточна Европа (РСМ). Неговиот истражувачки фокус е формирање на националниот идентитет во меѓународната политика. Соработува како консултант со меѓународни организации, како ОБСЕ.
Проф. Д-р Маја Мухиќ
Научен советник / редовен професор
Проф. д-р Маја Мухиќ студирала филозофија, културна антропологија и родови студии. Нејзиното интердисциплинарно академско искуство го насочува нејзиниот интерес во сферата на феминистичката филозофија, теориите на мултикултурализмот, постколонијалната теорија и интерпретативна/симболичката антропологија. Пишува на теми како што се формирањето и комплексноста на етничките идентитети, мултикултурализмот, ритуалните симболики, итн.
Албулена Ибраими / Albulena Ibraimi
Помлад научен соработник
Албулена Ибраими, е родена во Куманово, на 18 јули 1988 год. Средно гимназиско образование има завршено во С. У. “Гоце Делчев’’, Куманово. Во 2007 година е запишана на додипломски студии на Државен Универзитет во Тетово, по Правен Факултет. Истите ги има завршено 2010 год. и стекнува стручен назив Baccalaureus of Law. После добиената турска стипендија во 2015 год. е запишана на магистерски студии во Мармара Универзитетот- Истанбул (на француски), и има стекнат научен степен магистер по Јавна администрација по политички и социјални науки, во март 2018. Има завршено кратка неформална школа “Феминистичко образование за сите’’ на македонски јазик, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, 2021.
Работела како наставничка по француски јазик во Велес, 2011 и 2012 год. Исто така во Истанбул работела како учителка по англиски јазик за кратко време во 2017.
Во 2021 работи како асистент на Правниот факултет во Meѓународен балкански универзитет.
Албулена, се интересира за филозофијата и феминизмот.
Albulena Ibraimi, ka lindur në Kumanovë, më 18.07.1988. Shkollën e mesme e kreu në gjimnaz, “Goce Dellçev”, Kumanovë. Në vitin 2007 regjistrohet në studimet universitare në Universitetin Shtetëror të Tetovës, Fakulteti Juridik. Ajo morri titullin Baccalaureus i Drejtesise, në vitin 2010. Pas marrjes së bursës turke në 2015. Ajo u regjistrua në një program masteri në Universitetin Marmara – Stamboll (në frëngjisht), dhe mori një diplomë master në Administrim Publik në Shkenca Politike dhe Sociale në mars 2018. Ajo përfundoi një shkollë të shkurtër informale, “Edukimi feminist për të gjithë” në gjuhën maqedonase, Instituti i Shkencave Sociale dhe Humane – Shkup, 2021.
Në vitin 2011 dhe 2012 ka punuar si mësuese e gjuhës frënge në Veles. Ajo gjithashtu punoi si mësuese e anglishtes në Stamboll për një kohë të shkurtër në 2017.
Në vitin 2021 punon si asistente në Fakultetin e Drejtësisë në Universitetin Ndërkombëtar Ballkanik.
Albulena është e interesuar poashtu për filozofinë dhe feminizmin.
Љупчо Петковски
Помлад научен соработник
Мр. Љупчо Петковски е практичар во полето на развојни политики со формално образование во полето на постструктуралистичка политичката теорија и меѓународните односи (Универзитетот во Есекс, Универзитетот во Скопје и Универзитетот во Љубљана). Има десетгодишно работно искуство во тинктенкови вклучувајќи и менаџмент (Евротинк Скопје 2017 – 2020 г.). Има објавено десетици академски и полиси трудови, првенството на темата на политичките идеологии како популизмот, авторитаризмот и национализмот. Неговата моментална преокупација се врските меѓу технолошките иновации, дигитализацијата и растот на регресивните идеологии.
Проф. Д-р Здравко Савески
Виш научен соработник / вонреден професор
[email protected]
Здравко Савески (1976) е научен соработник на Институтот за општествени и хуманистички науки. Има докторирано политички науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Претходно предавал на ФОН Универзитетот во Скопје.
Автор е на книгите „Демократија: модели и дилеми“ (2011) и „Отаде едноумието: повторно откривање на левицата“ (2006), коавтор на книгите „Но пасаран: учеството на борците од Македонија во Шпанската граѓанска војна“ (2016), „Национализмот во(н) контекст: соработката на Албанците и Македонците од Илинденското востание до НОВ“, (2014), „Богатството и сиромаштијата во Македонија“ (2013) и „Обезвреднување на трудот: анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата“ (2010). Бил уредник и на студијата „Штрајк: искуства и состојби“ (2011).
Се занимава и со превод. Негов најнов превод е книгата на Џејсон Хикел, „Поделба: краток вовед во глобалната нееднаквост и нејзиното решавање“ („Аз-буки“, 2019).
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059
Мариглен Демири
Помлад научен соработник
[email protected]
Мариглен Демири е дипломиран професор по Филозофија и е магистер по Современа филозофија на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, Скопје. Вработен е како асистент истражувач во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Учесник е во многу иницијативи и политички организации како „Ленка“, „Солидарност“, „Судентски пленум“ и „Протестирам“.
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059
Д-р Искра Геразова Мујчин
Научен соработник/ доцент
[email protected]
Искра Геразова Мујчин работи како истражувач на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Таа е дипломиран етнолог на Институтот за етнологија и антропологија при Природно- математичкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Скопје. Таа има завршено постдипломски студии на Медицинскиот факултет при истиот универзитет, каде се стекнува со титули магистер и доктор на науки по Јавно здравство. Нејзиното професионално искуство вклучува работа како истражувач на јавни политики во различни организации и институции во областите: миграции, млади, мониторинг на медиуми, активно стареење, унапредување на положбата на мајката и детето во здравството и друго. Геразова Мујчин како истражувач е активно вклучена во проектите на Институтот за општествени и хуманистички науки.
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059
Адам Ноучек
Визитинг професор
Адам Ноцек е доцент на катедрата по Филозофија на технологијата и науката и технолошки студии на Факултетот за уметност, медиуми и инженерство на Државниот Универзитет во Аризона. Воедно, тој е основач на Центарот за филозофски технологии на истиот универзитет. Ноцек има многу публикации за филозофијата на медиумите и науката; спекулативна филозофија (особено Вајтхед); филозофија на дизајн, историја и пракса; и критички и спекулативни теории на компјутерски медиуми. Неодамна го објави Molecular Capture: The Animation of Biology (Minnesota, 2021), а воедно работи на неговата следна монографија Governmental Design: On Algorithmic Autonomy. Ночек е ко-уредник (со Tony Fry) на Design in Crisis: New Worlds, Philosophies and Practices, The Lure of Whitehead (заедно со Nicholas Gaskill), заедно со неколку други колекции и специјални теми, вклучувајќи го и специјалното издание на Angelaki: Journal of the Theoretical Humanities (со Cary Wolfe) со наслов „Ontogenesis Beyond Complexity”.Тој е визитинг-истражувач на Амстердамската школа за анализи на културата на Универзитетот во Амстердам, а претходно беше на професорска посета на Кралската холандска академија на науки и уметности.
Агон Хамза
Визитинг доцент
Д-р Агон Хамза е визитинг доцент по политичка филозофија на постдипломските програми на Институтот. Тој е автор на Reading Marx (Polity, 2018; со Frank Ruda и Slavoj Žižek), Althusser and Pasolini: Philosophy, Marxism, and Film (Palgrave Macmillan, 2016), и From Myth to Symptom: The Case of Kosovo (Kolektivi Materializmi Dialektik, 2013; со Slavoj Žižek). ). Исто така, тој ги приредил и следниве дела Althusser and Theology: Religion, Politics and Philosophy (Brill, 2016) и Repeating Žižek (Duke University Press, 2015), а бил и со-уредник, заено со Frank Ruda, на Slavoj Žižek and Dialectical Materialism (Palgrave Macmillan, 2016). Тој е со-основач (со Frank Ruda) на меѓународниот философски журнал Crisis and Critique. Моментно работи на подготовката на две монографии: Reading Hegel (со Slavoj Žižek и Frank Ruda, под договор со Polity), и Slavoj Žižek and the Reconstruction of Marxism (под договор и најавен датум на излегување кај Palgrave Macmillan). Д-р Хамза е поранешен политички советник на Албин Курти, поранешен Премиер на Република Косово и лидер на политичката партија Vetëvendosje