+389 2 3113 059
enmk

ВТОР УПИСЕН РОК

29 May 2017

ВТОР УПИСЕН РОК

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје
објавува
КОНКУРС
за упис на студенти на магистерски студии по
(1) родови студии и по (2) студии на културата
(втор уписен рок)

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува конкурс за упис на студенти на магистерски студии во следните студиски програми:

– Родови студии
– Студии на културата

НАПОМЕНА: Поради големиот број на пристигнати апликации во првиот уписен рок бројот на кандидати кои ќе бидат примени во вториот уписен рок за двете студиски програми е ограничен на 8 (осум) студенти на родови студии и 4 (четири) студенти на студии на културата . Уписниот рок трае од 5 август 2013 до 30 август 2013.

Услови на запишување: Завршени 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Потребни документи:
– Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сеуште не дипломирал/а, доволен е документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе го достави при потпишувањето на договорот.
– Пополнета пријава која може да се преземе од тука http://isshs.edu.mk/mk/index.php?newsinfo=17 , http://isshs.edu.mk/mk/index.php?newsinfo=18
– Лична биографија (CV).

Вториот уписен рок трае до 30 август 2013.

Пријавите со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8, 2 кат, 1000 Скопје ) или електронски на info@isshs.edu.mk (електронската пријава со скенирани документи е еднакво важечка како и онаа добиена по пошта)

Директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки и одговорно лице за постдипломските програми: Проф. д-р Катерина Колозова katerina.kolozova@isshs.edu.mk
Контакт лице: Ристо Алексовски и Викторија Боровска info@isshs.edu.mk
Тел.: +389 2 31 13 059 или +389 (0)72 307 704
Интернет страница: www.isshs.edu.mk

Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје е приватна непрофитна научна установа, впишана во Регистерот на научни установи што го води МОН (Решение бр. 30). Институтот е акредитиран од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски (мастер) студии од областите на 1) родовите студии и 2) студиите на културата (види „Документи“ на www.isshs.edu.mk).

Цена на студирање: 1250 евра во денарска противвредност за севкупниот процес на студирање вклучително и одбраната на тезата. Можно е да се плаќа на рамномерни рати или според семестар и засебно за одбрана.

Можности за проектни активности на студентите/студентките:
Oсвен во образовните активности, доколку се заинтересирани, можат да бидат вклучени и во истражувачки и други проекти што Институтот ги спроведува.

ПРИЈАВА ЗА УПИС НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Leave a Reply