+389 2 3113 059

Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество

Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведе шестмесечниот проект „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“, финансиран од УСАИД и Институтот Отворено општество Македонија.

Целта на проектот беше да се обезбеди правото на коректно и правично информирање преку зголемување на општествената вклученост во прашањата поврзани со медиумската и новинарска слобода и независност.Eдна од главните цели бешe oтворањето на поширока општествена дебата за важноста на медиумската и новинарска слобода за општиот и индивидуален прогрес на сите граѓани. Понатаму, проектот придонесе и во градењето на широки коалиции на актери за вршење на притисок за транспарентен, демократски и партиципативен процес на одлучување во врска со законската рамка за работата на медиумите и новинарите. Освен ова, се работеше и на зголемувањето на информираноста и знаењето на граѓаните во врска со општествената улога на медиумите и новинарите.

Проектот ги спроведе подготвителните активности за успешно реализирање на проектната агенда и контактирање и воспоставување соработка со локални и национални граѓански организации кои беа вклучени во реализацијата на јавните дебати во градовите и учествуваа на состаноците за вмрежување.

Leave a Reply