+389 2 3113 059
enmk

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ КОН ЕФЕКТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

12 Jun 2017

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ КОН ЕФЕКТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Институтот го спроведе проектот „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа и локалните активисти за остварување и креирање на ефективни политики за родова еднаквост во Република Македонија“.

Проектот започна со реализација во ноември 2012 година и заврши во декември 2013 година. Истражувањето беше со финансиска поддршка од UN Women, а се реализираше во соработка со Акција Здруженска.

Главната цел беше зајакнување на капацитетите на претставниците на локалната самоуправа и локалните активисти, односно женските невладини организации преку развивање на знаењата и вештините за воведување на родовите прашања во документите, политиките и активностите на локалната самоуправа.

Идејата беше да се воспостави дијалог меѓу локалната самоуправа и локалните НВО-а и мрежи кој резултираше со ревизија на политиките и документите според идентификуваните потреби и приоритети на локално ниво преку партиципативен процес. Долгорочно, проектот нуди препораки и модел за демократски начини за имплементирање на родово сензитивна димензија при развивањето на политиките, документите и механизмите на единиците на локална самоуправа.

Leave a Reply