+389 2 3113 059
enmk

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕХАНИЗМИТЕ НА НЕЗАВИСНОТО СУДСТВО ВО Р.МАКЕДОНИЈА

13 Jun 2017

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕХАНИЗМИТЕ НА НЕЗАВИСНОТО СУДСТВО ВО Р.МАКЕДОНИЈА

Во периодот од мај 2012 до февруари 2013 се реализираше проектот „Зајакнување на механизмите на независното судство во Република Македонија “, со поддршка на “THINK AND LINK” – Regional Policy Programme.

Истражувањето ги анализираше постоечките механизми и инструменти на Судскиот совет кои овозможуваат процес на мониторинг, евалуација и изрекување дисциплински мерки и раководење со претставките од граѓаните, како и можностите за зајакнување на механизмите и практиките кои влијаат врз независноста на судството во Р. Македонија.

Целта беше креирање нова политика на употреба на инструментите и механизмите на судството. Тоа се овозможи преку длабинска анализа на операционалните можности на постоечкиот закон и органи и хибридното единство кое го креираат. Изработени се препораки за употреба на алатките кои ќе придонесат за ефективна примена и зајакнување на независноста на судството. Емпириското истражување беше спроведено преку прашалник кој го пополнуваа судии, а вклучуваше и скрининг на постоечките препреки во примената на механизми во рамки на системот, како и препораки за нивно надминување.

Во рамки на проектот беше спроведена и панел дискусија на која учествуваа универзитетски професори и експерти од областа. Дебатата произнесе идеи за понатамошни препораки за воспоставување процедурални механизми, политики и тела кои ќе обезбедат поголема автономност во работата на судиите и механизмите на нејзина заштита.

На линкот подолу можете да ја најдете објавената анализа:

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕХАНИЗМИТЕ НА НЕЗАВИСНОТО СУДСТВО ВО Р.МАКЕДОНИЈА

Leave a Reply