+389 2 3113 059
enmk

Институт на напредни студии од САД

30 May 2017

Институт на напредни студии од САД

Институтот на напредни студии: Постдипломски студии по критичка теорија и хуманистички науки

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје воспостави парнерство со Северноамериканскиот Институт на напредни студии кој ќе нуди магистерски и докторски курсеви и семинари преку целата година и кој претставува глобален собир на ангажирани професори и студенти. Во Август 2013, група на водечки светски професори, филозофи и автори го објавија формирањето на Институтот на напредни студии: Постдипломски студии по критичка теорија и хуманистички науки. Визијата на Институтот е да понуди независен и не-корпоративен простор за развивање на критичката теорија како политички акт на педагогијата. Некои од професорите кои се веќе дел од новиот Институт на напредни студии се: Славој Жижек, Алан Бадју, Антонио Негри, Симон Кришли, Катерина Колозова, Мајкл Шапиро, Рози Брајдоти, Крестон Дејвис, Клејтон Крокет и други.

Наскоро следуваат повеќе информации.

Leave a Reply