+389 2 3113 059
enmk

Истражување на улогата на религијата во Западнобалканските општества

Истражување на улогата на религијата во Западнобалканските општества

Во периодот 2018-2019 година, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје работеше на проектот „Истражување на улогата на религијата во Западнобалканските општества“. Проектот се реализираше во соработка со Институтот за демократија и медијација (Албанија), Белградската отворена школа – БОС (Србија) и Центарот за социјални истражувања Аналитика (БиХ) со поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Целта на проектот беше да се направи проценка на улогата на религијата во општествата од Западен балкан, како и да се идентификуваат постојните практики и можните стратегии за унапредување на религиозната разноликост за просперитет на регионот. Наодите од истражувањето беа претставени на регионалната конференција „Улога на религијата во општествата од Западен Балкан“во јуни, 2019 година во Тирана. Беше објавена е и публикација на англиски јазик “Occasional Papers on Religion in Eastern Europe”, која е достапна на следниот линк:
https://digitalcommons.georgefox.edu/ree/