+389 2 3113 059
enmk

МАТРИЦИДОТ НА ПОЛИТИЧКАТА ТЕОРИЈА

29 May 2017

МАТРИЦИДОТ НА ПОЛИТИЧКАТА ТЕОРИЈА

ИОХН-С со задоволство ве поканува на 13.08.2013 (вторник) со почеток во 19 часот на јавно предавање на тема “Матрицидот на политичката теорија: што знаеме за политичката мисла на Роза Луксембург, Хана Арент и Дона Харавеј?“ Предавањето ќе го одржи професорката Катерина Колозова, извршна директорка и редовен професор на постдипломските студии на ИОХН-С.

Серијата „Јавни предавања“ кои Институтот ќе ги одржува во текот на вториот уписен рок (од 5 август до 30 август 2013) на своите магистерски програми по родови студии и студии на културата имаат за цел да ги промовираат програмите и условите за студирање на Институтот. Па така, освен во врска со темата на предавањето, публиката ќе има можност да постави прашања и во врска со магистерските студиски програми што ги нуди Институтот.

“МАТРИЦИДОТ НА ПОЛИТИЧКАТА ТЕОРИЈА: ШТО ЗНАЕМЕ ЗА ПОЛИТИЧКАТА МИСЛА НА РОЗА ЛУКСЕМБУРГ, ХАНА АРЕНТ И ДОНА ХАРАВЕЈ?“

Во современата ера на големи авторитетни наративи за револуции, расправаме за авторитарните татковци на револуционерната мисла (да се потсетиме на главните референци на Жижек, Бадју од левицата или пак на референците на десницата кои се патријархални според самата логика на религијата). Повиците на феминистичките авторки од 80-тите како Дона Харавеј за градење силни активистички алијанси без господарски наративи, не пропаднаа поради постмодернистичка релативизација. Тие повици не беа препознаени како релевантни за политичката акција воопшто (не само феминистичката), како што не беше препознаен, протолкуван и развиван потенцијалот на неавторитарниот и неетатистички социјализам на Роза Луксембург и антитоталитарната политичка визија на Хана Арент заедно со радикалната солидарност како политичка вредност вградена во оваа визија. Предавањето ќе биде можност критички да поразговараме за „мајкоубиството“ – како што би го нарекла Миглена Николчина – во политичката мисла и за тоа дали идеите на родова еднаквост поминуваат низ темелна криза (што овозможува понатамошен интелектуален „матрицид“). Ова предавање ќе биде и илустрација на тоа како изгледа наставата на постдипломските студии во Институтот, а ќе ги објасниме и практичните детали во врска со уписите, планот на настава, кредитирањето, начинот на полагање и слично

КАТЕРИНА КОЛОЗОВА е директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и професорка по филозофија, општествена/културна теорија и родови студии. Членка е на интернационалната организација за non-philosophy од нејзиното создавање. Авторка е на книгите The Lived Revolution: Solidarity with the Body in Pain as the New Political Universal и уредник на Gender and Identity: Theories from/on Southeastern Europe и with Judith Butler: Crisis of the Subject. Нејзнита последна книга „Cut of the Real: Subjectivity in Poststructuralist Philosophy“ наскоро во издание на Columbia University Press http://www.amazon.com/Cut-Real-Subjectivity-Poststructuralist-Insurrections/dp/0231166109

Настанот ќе се одржи во просториите на Институтот на ул. „20-ти октомври“ бр.8, 2 кат, 1000 Скопје. Мапа за полесно да не најдете:http://tinyurl.com/kdb6p7e

Leave a Reply