+389 2 3113 059
enmk

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ на постдипломските студии при ИОХН-С (ISSHS)

29 May 2017

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ на постдипломските студии при ИОХН-С (ISSHS)

Од 20 до 25 мај 2013 ги покануваме сите заинтересирани на ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ на постдипломските студии при Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје. Во овој период ќе имате можност за непосредна средба со одговорните и/или професорите на ИОХН-Скопје/ISSHS. Повелете и запознајте се одблизу со богатата електронска библиотека со најнови лиценцирани изданија на МИТ, Routledge, Oxford University Press и други, како и со дата-базата на списанија. Дознајте повеќе и за можностите за учество во меѓународни проекти што ги нуди Институтот. Запознајте се одблизу со нашите професорки и професори кои ќе ви го претстават својот стил на работа и меѓународно реномираните имиња што ќе гостуваат на нивните часови.Сите заинтресирани можат да не посетат во просториите на Институтот што се наоѓаат на ул. „20-ти октомври“ бр.8 , 2 кат, секој работен ден од 10 до 16 часот.
За да излеземе во пресрет на сите заинтересирани препорачуваме да ја најавите вашата посета кај Ристо Алексовски на (02) 3113 059 или 072 307 704. Мапа за послесно да не најдете http://tinyurl.com/ck48cw7

Leave a Reply