+389 2 3113 059
enmk

Поддршка на политики

29 May 2017

Поддршка на политики

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПОЛИТИКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА КУЛТУРНИТЕ, РОДОВИТЕ И МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ПРАШАЊА

Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје, со поддршка на Civica Mobilitas, спроведува активности за зајакнување на капацитетите за планирање и имплементирање на културни, родови и меѓуетнички политики во пет општини во Македонија (Струмица, Боговиње, Ѓорче Петров, Свети Николе и Велес).

Целта на овие активности е зајакнување на локалните капацитети во самоуправувачките едници во нивно согледување на стратегиите на политики во трите области, јакнење на капацитетите водени од потребните политики како и подобрување во спроведувањето ефективни локални политки чија цел е да се подобри социјалната инфраструктура во овие општини.

Моментално, активностите се состојат од состаноци со локалните претставници, длабински интервјуа со чинителите и детална анализа на стратегиите и програмите кои се однесуваат на културните, меѓуетничките и родовите политики.

Активностите ќе резултираат со обуки за локалната власт и нејзините претставници. Во соработка со локалната заедница ќе се креираат политики кои ќе постават долготрајна стратегија на развој на локално културно подобрување, родова еднаквост како и меѓуетничка солидарност и подобра комуникација во петте општини.

Leave a Reply