+389 2 3113 059
enmk

Покана за прес конференција

30 May 2017

Покана за прес конференција

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со огромно задоволство Ве поканува на 5-ти февруари (петок), со почеток во 12 часот, во просториите на ИОХН-С, на прес конференција на која ќе бидат презентирани резултатите од анкетата спроведена од страна на Институтот, за потребите на проектот „Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и здружување“. Истражувањето е помогнато од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.

Анкетата дава увид за мислењето, ставовите за граѓанскиот активизам, ефектите од казнените мерки и влијанието врз мотивацијата на граѓаните за вклучување во граѓанските иницијативи и слободното изразување.

Анкетата беше спроведена на национален репрезентативен примерок, по случаен избор на телефонски корисници, во периодот ноември – декември 2015 година и истата го опфаќаше мислењето на жителите од осумте региони во Р. Македонија: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски.

За наодите и резултатите од анкетата ќе говорат д-р Калина Лечевска и м-р Ана Блажева, истражувачки во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје

Покана за прес конференција

Leave a Reply