+389 2 3113 059
enmk

ПРЕДАВАЊЕ НА АЛЕК БУКАРСКИ ВО ИОХН-С

26 May 2017

ПРЕДАВАЊЕ НА АЛЕК БУКАРСКИ ВО ИОХН-С

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) Ве поканува на 15.02.2013 година (петок) со почеток во 18 часот на јавно предавање на тема „ Мишел Уeлбек, лирскиот поет на доцниот Капитализам“, што ќе го одржи писателот, колумнистот, блогерот и провокаторот (во најдобра смисла на зборот), Алекс Букарски.

„МИШЕЛ УEЛБЕК, ЛИРСКИОТ ПОЕТ НА ДОЦНИОТ КАПИТАЛИЗАМ“
Анализа на уметничкиот израз, политичките промислувања и темите на сексуалноста во делото на Мишел Уeлбек.

Според еден од описите за Алекс Букарски: Противречност. Перверзно искрен, дрзок, срамежливец, заостанат но креативен. Со конвенционален морал од средна класа, а со (веруваме!) обран вкус кон книги и уметност. (Теа Модерна)

Во рамки на серијата „Јавни предавања на ИОХН-С“ досега сите заинтересирани можеа да ги проследат предавањата на професорите Сенка Анастасова, Маја Мухиќ и Игор Јованоски (членови на редовниот професорски кадар на постдипломските студии на ИОХН-С). Освен во врска со темата на предавањето, публиката има можност да постави прашања и во врска со магистерските студиски програми што ги нуди Институтот.

Предавањето ќе се одржи во новите простории за настава на Институтот, ул. „20-ти Октомври“ бр.8, 2 кат. (позади Леонтич на бул. Партизански Одреди)

Leave a Reply