+389 2 3113 059
enmk

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

6 Jul 2017

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Презентација на Моделот за зајакнување на дијалог и вклучување на граѓаните од заедницата во процесот на креирање родово свесни политики

На 14 март 2014 година Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје го презентираше Моделот за зајакнување на дијалог и вклучување на граѓаните од заедницата во процесот на креирање родово свесни политики пред претставници на администрацијата на Општина Тетово и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените. Моделот е резултат на Проектот „ Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа и локалните активисти за креирање на ефективни политики за родова еднаквост во Р. Македонија“ кој го имплементираше Инстиутот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Акција Здруженска, поддржан од UN Women.

Целта на презентацијата беше да се прикажат добрите практики и резултати од спроведениот проект чија цел беше да воспостави дијалог меѓу локалната самоуправа и локалните НВО-а кој ќе овозможи ревизија на политиките и документите според идентификуваните потреби и приоритети на жените од локалната заедница преку партиципативен процес. Проектот се реализираше во три општини на Р. Македонија: Ѓорче Петров, Боговиње и Струмица во соработка со општините и со невладините организации „Здружение за локален рурален развој“, „Здружение на жени на Град Скопје“ и „Здружение на жени – Струмица“.

Проектот се одвиваше во три фази. Во доменот на зајакнување на капацитетите се реализираа обуки за основните концепти за родовата еднаквост и начините на примена на овие принципи во процесот на креирање родово релевантни политики – родова анализа, родово одговорно буџетирање и застапување. Соработката меѓу претставниците на општините и невладините огранизации овозможи спроведување на партиципативно истражување со користење на алатката „Картички за оценка на заедницата“ Community scorecard – CSC, за утврдување на потребите и приоритетите на жените од различни социјални групи од локалните заедници.

Резултатите од истражувањето беа основа за креирање на документи и политики на локалната самоуправа за унапредување на родовата еднаквост. Во две општини – Ѓорче Петров и Струмица беа креирани и усвоени општинските Програми за еднакви можности на мажите и жените за 2014год., а во општина Боговиње работната група предложи ревизија на програмата за социјална заштита.

Leave a Reply