+389 2 3113 059
enmk

Продолжување на рокот за упис

30 May 2017

Продолжување на рокот за упис

Ни беше укажано дека дел од кандидатите кои сакаат да конкурираат на една од трите студиски програми кои ги нуди Институтот за општествени и хуманистички науки имаат потешкотии во процесот на комплетирање на потребната документација за упис. За таа цел решивме да излеземе во пресрет и го продолжуваме крајниот рок за една недела (19 септември 2014). Сите заинтересирани кандидати ќе можат да ги достават своите пријави и потребни документи за упис до 19 септември 2014 најдоцна до 16 часот. За сите прашања околу постдипломските студии на ИОХН-С Ви стоиме на располагање на телефонските броеви 072 30 77 04 или 072 30 77 01, или електронски на info@isshs.edu.mk.

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува

КОНКУРС
за академската 2014-2015 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:

(1) Родови студии
(2) Студии на културата
(1) студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни

Услови на запишување:
– за едногодишните програми: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност

– за двегодишните програми: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Наставата може да следи на македонски, албански и англиски јазик (зависно од потребите на студентот). Најголемиот дел од изборната и дел од задолжителната литература е достапна и на англиски.

Број на слободни места: најмногу по 15 за секоја од програмите.

Потребни документи:
– Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредити за едногодишните магистерски студии и 3 години или 180 кредити за двегодишните) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сеуште не дипломирал/а, документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе ја достави најдоцна до 19 септември 2014.

– Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот во септември 2014, а по доставувањето на електронската копија во случај на електронско аплицирање

– Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: http://isshs.edu.mk

– Лична биографија (CV).

Уписниот рок трае до 19 септември 2014. Пријавите со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8, 2 кат, 1000 Скопје) или електронски на info@isshs.edu.mk. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk

Директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки и одговорно лице за постдипломските програми: Проф. д-р Катерина Колозова katerina.kolozova@isshs.edu.mk

Програмски директор: Доцент д-р Артан Садику artan.sadiku@isshs.edu.mk

Контакт лица: Ристо Алексовски , Доц. д-р Викторија Боровска info@isshs.edu.mk
Тел.: +389 2 31 13 059

Leave a Reply