+389 2 3113 059
enmk

Промоција на книга и дискусија за транзицијата

31 May 2017

Промоција на книга и дискусија за транзицијата

Со големо задоволство ве покануваме на промоцијата на книгата „Palgrave Dictionary of Emerging Markets and Transition Economics – Insights from Archival Research“, која ќе се оддржи на 24 мај, од 12 часот, на Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје.

Книгата претставува зборник од 29 текстови од различни автори, на различни теми поврзани со транзицијата. Текстовите имаат енциклопедиски пристап и во нив се дава осврт на зададената тема, и од теоретски, и од применет аспект. Уредници на книгата се Jens Hölscher (Bournemouth University) и Horst Tomann (Freie Universität Berlin), а издавач е Palgrave Macmillan UK. Книгата ќе ја промовира Jens Hölscher.

По промоцијата ќе следува дискусија за транзицијата, со посебен осврт на Македонија. Во дискусијата ќе учествуваат:

– Jens Hölscher, Bournemouth University
– Петар Гошев, поранешен Гувернер на Народната Банка, Министер за финансии и Претседател на Сојузот на комунисти на Македонија
– Горан Јанев, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
– Бранимир Јовановиќ, Институт за општествени и хуманистички науки

Leave a Reply