+389 2 3113 059

Семинар со Примож Крашовец во рамки на Школата за политика и критика

Семинар со Примож Крашовец во рамки на Школата за политика и критика

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со гордост Ве поканува на вториот семинар на Школата за политика и критика со Примож Крашовец, член на Delavsko Punkerska Univerza и предавач по социологија на Универзитетот во Љубљана, кој ќе се одржи на 22 и 23 февруари 2014-та година во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Семинарот започнува во сабота (22 февруари) во 12 часот.

Семинарот “Марксистичката теорија како алатка за анализа и критика на неолибералната економија” ќе се фокусира на три главни аспекти на опстојната релевантност на марксизмот како критичка општествена теорија. Прво, ќе се објасни зошто е неопходна една критична општествена теорија од марксистички тип. Далеку од тоа да биде само академска дисциплина, марксистичката теорија е незаменлива бидејќи капиталистичките општествени односи не се транспарентни, особено кога станува збор за односите на општествената доминација и непокор, кои работат под површината на егалитарните правни односи во слободните и демократски капиталистички општества. За да се покаже како може односите на нееднаквост и доминација, не само да опстанат, туку и да бидат конститутивни за формално слободните и еднакви капиталистички општества, ќе се искористи теоријата на фетишизмот. Второ, ќе се скицира основната социјална структура(и) на современиот капитализам за да се покаже теоретската полезност од марксизмот дури и за современиот капитализам, кој во своите емпириски манифестации е далеку од капитализмот на Марксовото време. И на крај, ќе се презентира критичка оценка на неолиберализмот како идеологија и (општествена, политичка и економска) практика, вклучително и критика на оние критики на неолиберализмот кој го користат како изговор за капитулација пред социјалдемократските позиции или носталгија за Кејнсовото “златно доба”.

Сабота 22 февруари
12:00 – 14:30 Вовед и предавање на тема “Марксизам и капитализам/неолиберализам”
15:00 – 17:00 Дискусија со учесниците за марксистичката анализа на општествените односи

Недела 23 февруари
11:00 – 13:00 Прашања и одговори за критиката на неолиберализмот
13:00 – 14:30 Заеднички заклучоци за манифестот ‘Глас-на-политика’

Примож Крашовец е политички активист и издавач во Работничко-панкерски универзитет, предава социологија на Универзитетот во Љубљана.

Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството.

Школата директно ќе ги поддржи активистите во градење на одржлива политичка реторика преку нудење на суштински алатки за развивање на социјално и идеолошко информирана анализа и критика. Семинарите ќе овозможат простор за јакнење на знаењата, дискусија и размена во клучни теми од Марксистичката теорија и револуционерната пракса.

Школата ќе се одвива во тек на 2014-та година и методолошки ќе биде организирана во дводневни семинари кои ќе се одржуваат за време на еден викенд во секој месец на годината освен Јули и Август.

Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung.

Leave a Reply