+389 2 3113 059
enmk

СПРАВУВАЊЕ СО БРАНОТ НА ИЛИБЕРАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЕВРОПА: ИСТРАЖУВАЧКИ ПОЛИТИКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ПЛАН НА КОЛАБОРАТИВНИ АКТИВНОСТИ

СПРАВУВАЊЕ СО БРАНОТ НА ИЛИБЕРАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЕВРОПА: ИСТРАЖУВАЧКИ ПОЛИТИКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ПЛАН НА КОЛАБОРАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Во периодот 2018-2020, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведуваше проектот „Справување со бранот на илибералната демократија во Европа: Истражувачки политики и комуникациски план на колаборативни активности“, поддржан од OSIFE. Фокусот беше на растечкиот феномен на илибералната демократија, кризата на либералните вредности и подемот на авторитаризмот и популизмот. Целта беше да се придонесе кон европската сцена на тинк тенк организации и истражувачки институти со ново знаење, податоци, засновани врз истражување спроведено на локално ниво. Проектот вклучи посети и престои во институти и универзитети во Германија, Франција, Австрија и Белгија. Активностите резултираа во три меѓународни настани со реномирани експерти како: Жак Рупник, Рут Водак, Иван Крастев, Иван Вејвода, Венелин Ганев, Адам Ремзи, Лук Купер, Николо Миланезе, Петар Креко и др. Заедничката публикација за илиберална демократија е веќе прифатена од McGill-Queen’s University Press со автори како: Рупник, Вејвода, Крастев, Колозова и други.