+389 2 3113 059
enmk

Тони Јаник во ИОХН,Скопје

Тони Јаник во ИОХН,Скопје

На наше големо задоволство го најавуваме првото јавно предавање за 2020 година во ИОХН,Скопје. Станува збор за предавањето на Тони Јаник со наслов „Фикции и иднини: откритие и изум“. Предавањето е концентрирано на темата на епистемологија на интегрирани објекти според Ан Франоаз Шмит и Франсоа Ларуел и генеративното знаење (светови, вештачка интелигенција). Предавањето ќе се одржи на 8 февруари (сабота) со почеток во 18 часот во просториите на ИОХН,Скопје.

Тони Јаник е инжинер, филозоф, филмски автор и поранешен коорганизатор на New Centre for Research and Practice (https://thenewcentre.org/). Неговата биографија можете да ја најдете на следниот линк: http://strelka.com/en/education/people/tony-yanick

Сите заинтересирани можат да го најават своето присуство на info@isshs.edu.mk или на тел. бр. 02/ 3113 059.