+389 2 3113 059
enmk

ШПАНСКИОТ СЛУЧАЈ : ОД ПРОТЕСТИ ДО ИНСТИТУЦИИ

30 May 2017

ШПАНСКИОТ СЛУЧАЈ : ОД ПРОТЕСТИ ДО ИНСТИТУЦИИ

ШПАНСКИОТ СЛУЧАЈ : ОД ПРОТЕСТИ ДО ИНСТИТУЦИИ

“Школата за критика и политика 2015” со поддршка на Фондацијата Rosa-Luxemburg-Stiftung Southeastern Europe има чест да го најави својот следен семинар со Juan Luis Sanchez, едно од највлијателните пера и гласови на движењето Indignados и партијата Podemos во Шпанија: резервирано за студентите на Школата, и достапно за постдипломците на Институтот доколку има слободни места.

Термин: 19-20 септември 2015 / 13 часот
Место: ИОХН-Скопје

ШКОЛА ЗА ПОЛИТИКА И КРИТИКА 2015

Серијата на четири политички работилници во рамките на Школата за политика и критика 2015 се концептуално продолжение на активностите на Школата за политика и критика 2014. Тие целат кон овозможување на простор како за учење на стратегиите за овозможување на големи коалиции и акција во рамките на нив, така и за генерирање ново теоретско знаење за политичките предизвици во постојниот контекст. Школата на поголема група на активисти ќе им овозможи работа со искусни политички активисти и теоретичари.

Порастот на неолибералните политики од една страна, и порастот на авторитарните практики на владата од друга, во континуитет создава разорување, страв и политичка демобилизација на социјалните движења. Недостатокот на стратегии за пристап до различни општествени групи од страна на активистите за да се создаде поширока алијанса на општествени актери што би спровеле стратегии за акција кон социјална правда, слобода и демократија, создава фрагментиран простор за промена. Треба да ги обединиме прогресивните сили во акција.

Недостатокот на посериозна политичка конфронтација со постојниот неолиберален консензус во рамките на политичките фактори изискува мобилизација на левичарски дискурс и пошироките социјални структури. Постои потреба за поврзување на секторите на трудот со останатите граѓански структури за да се организира политички отпор против ужасните социјални последици во областите: слобода, демократија и социјална правда. Во дадениот момент, стравот и недовербата на пошироките народни маси во било кое политичко дејствување што ќе ја предизвика постојниот владин менталитет, е сериозен предизвик за активна политичка мобилизација.

Подолу е деталната програма за третата работилница на Школата за политика и критика 2015:

Сабота 19ти септември

13:00 – 14:00 – Хуан Луис Санчез „ШПАНСКИОТ СЛУЧАЈ: Од протести до институции“ (прв дел)
14:00 – 14:15 – Пауза
14:15 – 15:00 – Дискусија
15:00 – 16:00 – Пауза за ручек
16:00 – 17:30 – Артан Садику „РЕФЛЕКСИИ: Балканската перспектива“

Недела 20ти септември

10:30 – 11:30 – Хуан Луис Санчез „ШПАНСКИОТ СЛУЧАЈ: Од протести до институции“ (втор дел)
11:30 – 12:00 – Пауза
12:00 – 13:00 – Дискусија
13:00 – 14:00 – Пауза за ручек
14:00 – 15:30 – Артан Садику „РЕФЛЕКСИИ: Балканската перспектива“

Забелешка: предавањата и дискусиите со Хуан Луис Санчез ќе се одржуваат на англиски јазик.

 

Leave a Reply