+389 2 3113 059
enmk

Дебата: „Што правиме во врска со загадувањето во Битола?“

Дебата: „Што правиме во врска со загадувањето во Битола?“

Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство Ве поканува на организираната дебата на тема „Што правиме во врска со загадувањето во Битола?“.

Во Битола, загадувањето и последиците од загадувањето претставуваат проблем кој се провлекува со години. Граѓаните имаат организирано повеќе протести и имаат направено повеќе протестни акции, но локалната самоуправа и останатите надлежни органи досега немаат изнајдено трајно решение на проблемот. Во таа насока, идејата на дебатата што ќе се организира е да се слушне мислењето на релевантните политички чинители, како и на граѓаните, а со цел изнаоѓање на трајно решение на проблемот.
Како говорници на дебатата се поканети претставници на политичките партии застапени во Советот на Општина Битола, како и граѓански активисти кои биле ангажирани околу алармирањето и решавањето на овој горлив проблем.

Дебатата ќе започне во 18.00 часот во просториите на Хотел „Театар“ во Битола. Хотел „Театар“ се наоѓа на улица „Стив Наумов“ бр. 35.

Дебатата е во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје во рамки на проектот „Општествена нормализација: јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“ поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.