+389 2 3113 059
enmk

КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ /Втор уписен рок/

25 Jul 2017

КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ /Втор уписен рок/

Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2017-2018 година
за упис на студенти на магистерски студии од следната област:

– Студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни

ВТОР УПИСЕН РОК
25 јули 2017 – 25 август 2017

Услови на запишување:
– за едногодишните студии: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

– за двегодишните студии: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Голем дел од наставниот материјал е достапен и на англиски јазик, па затоа се очекува студентите солидно да го владеат овој странски јазик.

Број на слободни места:
-Во студиската програма ќе бидат примени вкупно 20 студенти.

Потребни документи:

– Пополнета пријава за упис на студии може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во мени-то на македонската верзија на страницата) или од линкот подолу.

– Диплома или уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита за едногодишните студии, односно 3 години или 180 кредити за двегодишните студи) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сѐ уште не дипломирал/а, може да достави документ за досега положените испити, а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително пред потпишувањето на договорот за упис. Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање се доставува и во тврда копија пред потпишувањето на договорот за студирање.

– Лична биографија (CV).

Вториот уписен рок трае до 25 август 2017. Пријавата со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на info@isshs.edu.mk. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk

Трошоци на студирање:
– За едногодишните студиски програми цената е 550 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.
– За двегодишните студиски програми цената е 800 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.

Ве известуваме дека Институтот овозможува школарината да се плаќа на рати.

Од оваа академска година Институтот нуди Еразмус+ шема за мобилност на студенти и наставен кадар помеѓу високообразовни установи од програмските земји (ЕУ членките и Норвешка, Исланд, Луксембург и Турција). Институтот во моментот е во преговори за размена на студенти со неколку универзитети од овие земји, како што се: Голдсмитс (Универзитет од Лондон), Централно Европски Универзитет (ЦЕУ, Будимпешта), Кингстон колеџ (од Англија) и други. Заинтересираните студенти запишани на Институтот ќе имаат можност дел од своето образование да го поминат на некој од овие универзитетите.

Наставен кадар: Проф. Катерина Колозова, Доц. Бранимир Јовановиќ, Доц. Гордан Георгиев, Проф. Дона Колар-Панов, Доц. Викторија Боровска, Доц. Ана Блажева, Проф. Маја Мухиќ, Доц. Калина Лечевска, Доц. Ана Мукоска, Доц. Сенка Анастасова, Доц. Ристо Карајков, Доц. Ирена Цветковиќ, Доц.Игор Јовановски и др.

Контакт лица: Ристо Алексовски и доц. д-р Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на info@isshs.edu.mk, risto.aleksovski@isshs.edu.mk, viktorija.borovska@isshs.edu.mk и на тел/факс.: +389 2 31 13 059.

ПРИЈАВА ЗА УПИС НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Leave a Reply