+389 2 3113 059
enmk

NATIONLESS [AUTONOMY/LIBERATION] Изложба, дискусија и филмови

30 May 2017

NATIONLESS [AUTONOMY/LIBERATION] Изложба, дискусија и филмови

4-5 април 2015, Младински културен центар (МКЦ), Скопје

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со задоволство Ве поканува на дводневно соочување и размена на регионална теорија, активизам и практики.

АВТОНОМИЈА/ОСЛОБОДУВАЊЕ (AUTONOMY/LIBERATION) е првиот настан од проектот за регионална соработка NATIONLESS, заеднички труд на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, ДАМ-ДАШ/Шкарт – Белград и Универзитетот на Македонија – Солун – Оддел за балкански, славистички и ориентални студии.

Проектот NATIONLESS цели да отвори простор за уметничка интервенција, промислување и пре-промислување на проблемот на национализмот и неговата општествена репродуктивна моќ во рамките на специфичен фокус на прекинатата комуникација и скоро целосното отсуство на соработка меѓу регионалните уметници и интелектуалци. Целта, сепак, не е да се надмине овој проблем на недостаток на соработка туку, попрво, преку уметнички интервенции да се предизвикаат конкурентните национализми вo различните земји преку уметничко-политички и теоретски истражувања на идејата за „нацијата”. Политичкиот статус на „националноста” е главниот столб на сите останати политички и социјални категории и процеси во овие три земји. Тој го детерминира културниот капитал на националноста и националното потекло што понатаму врши влијание врз економските процеси и можностите за општествена мобилизација и солидарност. Затоа, целта на овој проект е проблематизирањето на национал(ните)истичките идентитетски политики што се „инклузивни” за едните, а секогаш „ексклузивни” за другите и ја парализираат сета политика што ја разобличува светоста на етничкиот принцип на општествена мобилизација. Проектот претставува противтежа на постојните политички тенденции преку ангажирање на активисти за рушење на социјалните последици од популарниот национализам.

Проектот претставува иновативен и интердисциплинарен приод кон развивање на алатки преку произведувачки процес и претставува придонес кон генералната современа практика во уметноста и теоријата во балканскиот регион. Овие алатки се отворени за понатамошна апликација, модификација и адаптација, а со тоа ќе овозможат пројавување на новата трансформативна практика врз основа на овој проект.

ПРОГРАМА

4 Април

17:00 -19.00 [Дискусија] Nationless? Истражување на политичките и уметничките можности кон содавање ‘nationless’ автономен субјективитет
Теоретичари: Слободан Караманиќ [СРБ], Фотини Цибириду [ГР], Артан Садику [MK], Акис Гаврилидис [ГР], Маја Мухиќ[МК].

20:00 [Изложба] Nationless: борбата продолжува- колекција
уметници: Олсон Ламај [АЛ], Јорданис Стилидис [ГР], Марија Сари [ГР], Драган Протиќ-шкарт [СРБ], Велимир Жерновски [МК], Бранко Тешевиќ – STREET HERO [СРБ], Висар Арифај– Силна партија [КС], Нада Прља и Бранко Прља [МК], Ангелики Авгитиду [ГР], Милош Милетиќ и Мирјана Радовановиќ- КУРС (СРБ), Јане Чаловски и Наја Франгули [МК/ГР], Филип Јовановски [МК] и Ѓорѓе Јовановиќ [МК].

5 Април

13:00 – 16.00 – Уметноста како експлозив: TNT [Treasures of Nationalist Treason]
Презентација и дискусија со учество на уметници, активисти и теоретичари

16:00 – 17:00 [Проекција] Алтернативен балкански караван [2011]-документарец за младинските геј организации во продукција на Соединети Општества на Балканот [С.О.Б.].
За да се борите за правата на заедницата, првин треба да ги идентификувате овие права па после да ги врежете во неа. Токму овој опис го поставивме како цел за 2011 и понатаму решивме да го користиме преку мултимедија и уметност. На овој начин беше родена идејата за создавање на документарец што би го претставувал животот и статусот на хомосексуалните, бисексуалните и трансексуалните права во Албанија, Србија, Бугарија, Романија, Грција и Турција.

18:00 – 19:30 [Проекција] DIORTHOSSI / Исправка [2007] Филм на Танос Анастопулос
Маж излегува од затвор. Како модерен Одисеј тој презема бездомно патешествие во современа Атина, населена со мигранти, бездомници и други маргинализирани луѓе. На патот среќава жена и мало девојче. Дали трите се членови на нарушено семејство или само прогонувачи и жртви на насилен конфликт предизвикан од општеството што не им дозволува да живеат заедно.

Сите дискусии и презентации ќе бидат на англиски јазик.

Сакаме да се заблагодариме на ArtAngle – Balkans за нивната поддршка на проектот NATIONLESS.

Повеќе околу проектот NATIONLESS на следниот линк: NATIONLESS

Leave a Reply