+389 2 3113 059

ВТОР И ЗАКЛУЧЕН УПИСЕН РОК

ВТОР И ЗАКЛУЧЕН УПИСЕН РОК

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2015-2016 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:

(1) студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни

(2) родови студии, едногодишни

(3) студии на културата, едногодишни

ВТОР И ЗАКЛУЧЕН УПИСЕН РОК
27 мај 2015 – 20 јуни 2015

Услови на запишување:

– за едногодишните програми: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

– за двегодишните програми: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Наставата може да следи на македонски, албански и англиски јазик (зависно од потребите на студентот). Најголемиот дел од изборната и дел од задолжителната литература е достапна и на англиски.

Број на слободни места во вториот и заклучен уписен рок: 10 за сите три студиски програми.

Потребни документи:

– Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сè уште не дипломирал/а, документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително (непосредно пред потпишувањето на договорот за упис во првата недела од септември 2015, кога кандидатот/кандидатката ќе мора да поседува доказ за завршени додипломски студии).

– Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот најдоцна до 15 септември 2015, а по доставувањето на електронската копија во случај на електронско аплицирање.

– Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во мени-то на македонската верзија на страницата).

– Лична биографија (CV).

Вториот и заклучен уписен рок трае до 20 јуни 2015. Пријавите со придружните документи може да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на [email protected]. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk

Трошоци на студирање: За студиите не се наплаќа школарина освен трошоците за администрирање во вкупен износ од 400 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус (вклучувајќи ја и магистерската) поделени во три рати. Исто така, би сакале да нагласиме дека ова се однесува на едногодишните студиски програми (на принципот 4+1) кои се и најбројните програми на Институтот. Што се однесува до двегодишната студиска програма по политики (на принципот 3+2), за втората година се доплаќаат уште 200 евра во денарска противвредност.

Основна информација за институцијата: Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е приватна непрофитна научна установа, дел од Регистарот на научни установи што го води МОН (со Решение бр. 30), акредитирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски студии од областите на општествените и хуманистичките науки.

Директори на Институтот се проф. д-р Катерина Колозова и доц. д-р Артан Садику.

Контакт лица: Ристо Алексовски и доц. д-р Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на [email protected], [email protected], [email protected] и на
тел/факс.: +389 2 31 13 059.

Leave a Reply