+389 2 3113 059

ЖЕНСКО ПИСМО, QU’EST-CE QUE C’EST?

ЖЕНСКО ПИСМО, QU’EST-CE QUE C’EST?

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) Ве поканува на 16.03.2013 година (сабота) со почеток во 18 часот на јавно предавање на темата „ Женско писмо, qu’est-ce que c’est? “, што ќе го одржи писателката Елизабета Баковска.

„ЖЕНСКО ПИСМО, QU’EST-CE QUE C’EST?“

Предавањето ќе се позанимава со сфаќањата на концептот „женско писмо“, особено со неговата комплексност и апоричност. Притоа, од една страна, ќе се продискутира од аспект на тн. француска феминистичка теорија за овој поим, т.е. од аспект на écrtiture féminine, со разгледување на размислите на Елен Сиксу, Лис Иригаре и Јулија Кристева. Од друга, пак, ќе се зборува и за т.н англо-американски феминистички приод, т.е. women’s writing, пред сè преку гинокритиката на Елејн Шоволтер. Ќе се поразговара и за одгласите на ваквите теории во македонската книжевна теорија и критика (Катица Ќулавкова, Јасна Котеска), т.е. за македонското женско писмо, меѓутоа и за некои аспекти на авто-перцепцијата и критичката рецепција на македонските авторки. Сувоста на теоријата ќе се разблажи со обиди преку неколку практични примери (извадоци од дела на македонски авторки) да се покаже возбудливата многузначност на женското писмо.

Елизабета Баковска е автор(ка) која пишува поезија, проза, есеи и критички книжевни осврти. Се занимава и со книжевен превод од англиски на македонски јазик (и обратно). Повеќе години преведува, пишува и уредува во електронското списание за култура Блесок (www.blesok.mk).

Досега, во рамки на серијата „Јавни предавања на ИОХН-С“, сите заинтересирани можеа да ги проследат предавањата на професорите: Сенка Анастасова, Маја Мухиќ и Игор Јованоски (членови на редовниот професорски кадар на постдипломските студии на ИОХН-С), како и на проф.д-р Јелисавета Благојевиќ(дел од тимот на професори, можни ментори на магистерски тези на постдипломските студии на ИОХН-С) и на писателот Алекс Букарски.

Освен во врска со темата, публиката има можност да постави и прашања во врска со магистерските студиски програми што ги нуди Институтот.

Предавањето ќе се одржи во новите простории за настава на Институтот, ул. „20-ти Октомври“ бр.8, 2 кат.

Leave a Reply