+389 2 3113 059

Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните

На 2 септември 2021, ИОХН-Скопје и Фондацијата Метаморфозис ја организираа панел дискусијата „Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните“ со поддршка од Friedrich Neumann Foundation. Настанот се одржа во хибридна верзија.

Целта на дискусијата беше да ги собере експертите од граѓанското општество и од владата да дебатираат за можностите за вистинска дигитализација на услугите што се испорачуваат од јавната адмнинистрација, на локално и државно ниво. Дискусијата беше поделена на 2 дела со 8 говорници, вклучувајќи го и Заменикот министер за локална самоуправа и Координаторот за дигитализација на Претседателот на владата.