+389 2 3113 059

Авторитарно свиткување на евро-технократскиот ѓавол на илиберализмот во деталите во Југоисточна Европа: Случајот на Северна Македонија

На 2 февруари 2021, ИОХН-Скопје беше домаќин на панел дискусијата на ZOOM платформата „Авторитарно свиткување на евротехнократскиот ѓавол на илиберализмот во деталите во Југоисточна Европа: Случајот на Северна Македонија“. На настанот говореа: Флоријан Бибер, директор на Центарот за студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац; Харун Церо, политиколог/новинар со фокус на Југоисточна Европа; Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Николо Миланезе, директор на Европски алтернативи, додека во улога на модератор беше Гордан Георгиев од Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје. Тие дискутираа за авторитаризмот, национализмот, илибералните демократии од различни перспективи, а воедно и ја коментираа анализата, претходно објавена од ИОХН-С, „Одзаробување на административниот ум: Поларизација на односите меѓу граѓаните и државата“.

Настанот беше во рамки на проектот „Нови предизвици во надминувањето на ‘демократското уназадување’ во Северна Македонија: ‘Заробената држава’ и ‘илибералната демократија’ во ревидиран контекст“, поддржана од National Endowment for Democracy.