+389 2 3113 059

Кршење на медиумскиот мрак

Кршење на медиумскиот мрак

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со гордост Ве поканува на третиот семинар на Школата за политика и критика со Стипе Чуркович, оснивач на Центарот за работнички студии уредник на хрватското издание на Le Monde Diplomatique, кој ќе се одржи во Сабота 22 март 2014-та година во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во 13 часот.

Семинарот “Кршење на медиумскиот мрак” ќе се фокусира на две клучни прашања релевантни за идеолошко-политичката борба во медиумскиот простор.

13:00 – 15:00 Првиот дел ќе се осврни на стратегиите за пробивање на хегемонскиот неолиберален дискурс кој доминира во мејнстрим медиумите и можностите за користење на јавниот медиумски простор за изнесување на социјално основана политичка реторика. Тврдењето дека мејнстрим медиумите секогаш веќе го изопачуваат секој радикален дискурс и го продаваат како комодифициран продукт на пасивизираните маси го изолирал радикалниот политички простор на низа алтернативни медиуми кои имаат ограничено влијание. Предизвикот на радикалната левица денес е стратегиски, и се состои во изумување на техники за пробивање, искористување и субвверзија на доминантниот неолиберализам, додека секој форма на аскетизам води во самоизолација и себе маргинализација.

15:00-16:00 Ручек

16:00 -18:00 Вториот дел ќе се основа на борбата за одржување на новинарството и издаваштвото вон сопственичките капиталистички односи на интереси, преку што новинарството и издаваштвото можат да опстојат во нивната емианципаторска улога и основна задача. Преку искуството со хрватското издание на Le Monde Diplomatique и издаваштвото на Центарот за работнички студии, ќе се даде краток осврст на главните предизвици и успеси на таквата пракса во Хрватска.

Стипе Чуркович е главен уредник на хрватското издание на Le Monde Diplomatiquе (http://lemondediplomatique.hr/), публицист и истражувач во Центарот за работнички студии (http://radnickistudiji.org/) во Загреб. Неговите теориски и политички интереси се врзани со марксизмот, со посебен фокус на политичката економија како и проблематиката на идеологијата и претставувањето на општествените процеси во постсоцијалистичките општества.

Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството.

Школата директно ќе ги поддржи активистите во градење на одржлива политичка реторика преку нудење на суштински алатки за развивање на социјално и идеолошко информирана анализа и критика. Семинарите ќе овозможат простор за јакнење на знаењата, дискусија и размена во клучни теми од Марксистичката теорија и револуционерната пракса.

Школата ќе се одвива во тек на 2014-та година и методолошки ќе биде организирана во дводневни семинари кои ќе се одржуваат за време на еден викенд во секој месец на годината освен Јули и Август.

Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung.

Ве молиме да го потврдите вашето присуство на семинарот на: [email protected]

Leave a Reply