МАГИСТЕРСКИ ТРУД-БИЛЈАНА Жеревска
Автор: Билјана Жеревска
Наслов: Предизвиците за образованието во Република Северна Македонија за време на КОВИД-19 пандемијата: премостување на дигиталниот јаз и потребата за информатичка и дигитална писменост како приоритети на образовниот систем
Година: 2020
Студиска програма: Студии на политики
Апстракт
Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 предизвика сериозни прекини во редовниот тек на образовниот процес на глобално ниво, при што наставата на сите нивоа – од предучилишно до високо образование – беше принудно префрлена во онлајн формат. Оваа нагла трансформација изврши значителен притисок врз образовните институции и носителите на јавни политики, откривајќи структурни слабости поврзани со дигиталната инфраструктура, дигиталната писменост и социо-економските нееднаквости.
Овој магистерски труд ја анализира рефлексијата на пандемијата врз образовниот систем во Република Северна Македонија, со посебен фокус на предизвиците со кои се соочуваат образовните институции, наставниот кадар и учениците. Во трудот е вклучен и краток компаративен преглед на пристапите што ги применуваат други држави во справувањето со нарушениот образовен процес.
Истражувањето ги обработува прашањата на дигиталната писменост и дигиталната нееднаквост, истакнувајќи ги општествените и економските аспекти што стојат во заднина на дигиталниот јаз. Во заклучните согледувања и препораки се предлагаат можни насоки за унапредување на образовните политики, јакнење на ИКТ инфраструктурата и развој на дигиталните компетенции, со цел создавање поинклузивен, ефикасен и одржлив образовен систем.
Клучни зборови
дигитална писменост, дигитална нееднаквост, ИКТ, образовни политики, дигитална педагогија, КОВИД-19 пандемија
Преземи магистерски труд
https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Магистерски-труд-Билјана-Жеревска.pdf
