МАГИСТЕРСКИ ТРУД- БОРЈАН ГРОЗДАНОВСКИ
Автор: Борјан Гроздановски
Наслов: Средновековен ал-Андалус, хетеронормативноста и сексуалноста во општеството пресликани во книжевното творештво во периодот од VIII до XIV век
Година: 2013
Студиска програма: Родови студии
Апстракт
Предмет на истражувањето е прашањето за хетеронормативноста и
сексуалноста во средновековен ал-Андалус и нивното пресликување во книжевното
творештво. Сексуалноста и како таа е поставена во средновековното андалузиско
општество е клучен фактор во темелењето на сексуалните права и слободи кои денеска
ги ужива Шпанија како современа држава. Прашањето на полот и родот се неизоставен
дел од стремежот за слободното изразување на сексуалните афинитети и родовите
идентитети. Обработката на овие прашања е многу важен елемент во создавањето на
libertines sexuales и нивниот процвет во Средниот век и нивното орджување преку
книжевноста сè до денеска.
Проблематиката која овој текст се стреми да ја разреши претствува
неконзистентноста и нејасноста во андалузиските текстови која сама по себе е
амбивалентна и не доволно јасна за современиот читател. Овде постојат повеќе
фактори, како ка пример: слободниот избор на сексуалниот партнер, слободата на
родово определување и правата на жената во ал-Андалус кои преку експлицитни и
имплицитни примери не наведуваат кон поставувањето на прашањето: Зошто токму ал
Андалус, едно исламско општество е важно за оправдувањето на сексуалните права и
слободи во современа Шпанија?
При решавањето на оваа проблематика е направена анализа на дел од
андалузиското творештво, со акцент на делата на Ибн Хазм од Кордоба каде преку
дедуктивна метода е согледан целиот проблем на сексуалноста, а разработката на
одредени аспекти од неговото дело, како и помали сегменти од делата на други автори
придонесува да се расчлени положбата на сите касти во андалузиското општество и да
се согледаат показателите кои нè водат до заклучокот дека ал-Андалус е најголемото
култрурно подрачје во Средниот век, каде идејата за сексуалноста е едно секојдневие,
прифатено без поголеми турбуленции.
Резултатите од ова истражување укажуваат на фактот дека иако ал-Андалус е
исламско општество, базирано врз вредностите на Куранот, сексуалноста е еден од
основните двигатели на општеството и со самото тоа во определени книжевни дела
претставува центар на религиозната, културната и етничката разноликост. Она што е
добиено како резултат од ова истражување претставува една нова слика и нов поглед на
сексуалноста која покрај сите ограничувања по падот на Маврите оставила силен белег
на Иберискиот полуостров, а преку книжевноста идејата за сексуалните слободи е
пренесена во подоцнежните периоди на развојот на шпанската култура и цивилизација.
Од овде заклучуваме дека сексуалните права и слободи, кои денеска се јасно
позционирани во Шпанското општество претставуваат еден голем удар за европската
цивилизација затоа што спротивно на сето она што го знаме, за сексуалните револуции,
сексуалните права и слободи, правото на жената да делува во некои општествени свери
не се случило во 19 век, ами сето ова постоело многу поодамна во Средниот век кога во
ал-Андалус цвета науката, културата и уметноста, за разлика од останатиот дел на
Европа кој е завиен во црниот превез на средновековието.
Клучни зборови
ал-Андалус, хетеронормативност, сексуалност, род, книжевно творештво, сексуални права, среден век, Ибн Хазм
Преземи магистерски труд
https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Магистерски-труд-Борјан-Гроздановски.pdf
