МАГИСТЕРСКИ ТРУД – БОБИ ГИДИОСКИ
Автор: Боби Гидиоски
Наслов: Урбана мафија како составен дел на економскиот криминал
Година: 2017
Студиска програма: Студии на политики
Апстракт
Во овој магистерски труд се прикажани причините и последователните односи кои водат кон криминалитетот на урбаната мафија како составен дел на економскиот криминал, објаснети преку студија на случај. За таа цел, како појдовна точка се земени теориите на Љупчо Арнаудовски, на кои е надоврзан концептот на „волја за моќ“.
Како најсоодветна теорија за анализа на волјата за моќ се зема теоријата на Фридрих Ниче, која е дијаметрално спротивна на теориите за каузалност на Арнаудовски и Диркем. Според Ниче, волјата за моќ постои како вродена категорија кај секој поединец и се појавува независно од надворешни фактори. Од друга страна, според Диркемовата теорија, која Арнаудовски ја претставува во својата „Криминологија“, секое кривично дело има причинско-последична врска, што отвора нов аналитички дискурс – дека волјата за моќ не е имунизирана од каузалноста, туку е нејзин дел.
Овој труд ја нагласува потребата од анализа на феноменот на урбаната мафија како дел од економскиот криминал од аспект на причинитост, со оглед на неговото значително влијание врз неоткриените измами во истрагите и врз реализирањето на самите кривични дела. Истражувањето се стреми да ги покаже скриените механизми на дејствување на урбаната мафија и нејзината поврзаност со економските структури на моќта во современите општества.
Клучни зборови
криминалитет, економски криминал, неоткриен криминал, волја за моќ, урбана мафија
Преземи магистерски труд
https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Магистерски-труд-Боби-Гидиоски-2.pdf
