+389 2 3113 059

МАГИСТЕРСКИ ТРУД – ЃОРЃИ ПУЛЕВСКИ

Автор: Ѓорѓи Пулевски
Наслов: Заробена економија: економските политики како заборавен дел на македонската приказна за заробената држава
Година: 2020
Студиска програма: Студии на политики

Апстракт

Овој магистерски труд ги анализира економските политики како занемарен, но суштински елемент во концептот на „заробена држава“, со фокус на македонскиот контекст во рамките на источноевропските авторитарни режими од почетокот на XXI век. Наместо заробената држава да се разгледува исклучиво низ призмата на владеењето на правото, медиумските слободи и институционалната нефункционалност, трудот аргументира дека економскиот интерес претставува клучен мотиватор за процесот на заробување на државата.

Истражувањето користи квалитативен и теоретско-компаративен пристап, потпирајќи се на релевантна научна литература, институционални статистики и фактографски новинарски извори. Анализирани се индикаторите за економска заробеност, како влијанието на крупниот капитал врз владините политики, даночниот систем, медиумите, синдикатите и јавните институции, како и улогата на меѓународниот фактор и образовните институции во овој процес.

Трудот покажува како економското заробување е тесно поврзано со корумпираното правосудство, неслободните медиуми и дисфункционалната јавна администрација, што резултира со влошен квалитет на живот за мнозинството граѓани. Во завршниот дел се предлагаат алтернативни економски политики и модели, како редистрибуција на богатството, економска демократија, јакнење на јавните услуги и алтернативни форми на економско организирање, со цел суштинско „одзаробување“ на економијата и државата.

Клучни зборови

заробена држава, економски политики, неолиберализам, економска нееднаквост, политичка економија, јавни политики

Преземи магистерски труд

https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Магистерски-труд-Ѓорѓи-Пулевски.pdf