+389 2 3113 059

НАПУШТАЊЕ НА ЕТНИЧНИОТ ДИСКУРС

НАПУШТАЊЕ НА ЕТНИЧНИОТ ДИСКУРС

„НАПУШТАЊЕ НА ЕТНОЦЕНТРИЧНИОТ ДИСКУРС ВО ВЛАДИНАТА ПОЛИТИЧКА РЕТОРИКА И ВО ИНСТИТУЦИОНАЛНИТЕ ПОЛИТИКИ“

СЕРИЈА ПАНЕЛ ДИСКУСИИ

Тетово/Штип/Битола

(25.04 – 29.04 – 30.04. 2013 година)

Институтот за општествени и хуманистичи науки организира серија панел дискусии во Тетово, Штип и Битола на кои ќе се дебатира околу модалитетите за напуштање на етноцентричниот дискурс во владината политичка реторика и во институционалните политики.

Во дебатите ќе учествуваат дискутанти од активистичката сцена, аналитичари на политики и академски истражувачи, меѓу кои: Артан Садику, Горан Јанев, Рамадан Рамадани, Игор Јованоски, Борис Шарковски, Боро Китаноски, Алекс Букарски, и други.

Анализата спроведена од страна на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е насочена кон етничкиот модел на владеење и моделирање на социјалната, образовната, економската и културната политика и кон инаугурирање на политичката идеја на солидарност надвор од етничката припадност.

Истражувањето се состоеше од анализање на политичките одлуки во последните две години на владините институции, анализа на клучни закони, анализа на медиумите за јавниот политички дискурс, анализа на политичката реторика и комуникацијата на политичките лидери во земјата.

Текстот за политиките кој произлезе од истражувањето и анализата наведува аргументи и политички мотиви за напуштање на етничкиот дискурс во владината политичка реторика и институционалнато политико функционирање.

Целта на трите панел дискусии е да се рефлектира за резултатите од истражувањето и анализата за етничката детерминираност на власта и процесите на креирање политики во Македонија, преку отворена и директна размена на локално ниво со политиките практичари и граѓаните во три македонски градови , Битола, Тетово и Штип. Изборот на овие градови е во согласност со нашата посветеност да се децентрализира и прошири дебатата за политичките прашања низ целата земја и да се добие повратна информација за ефектите на политиките кои се донесуваат на централно ниво.

Leave a Reply