+389 2 3113 059

На патот кон ЕУ: Ефективна и транспарентна администрација во служба на граѓаните

На 11 декември 2020, ИОХН-Скопје одржа онлајн работилница на темата „На патот кон ЕУ: Ефективна и транспарентна администрација во служба на граѓаните“ на платформата Zoom. Учесници беа: Катерина Колозова (извршна директорка на ИОХН-С), Мартин Коте (регионален директор за Источна и Југоисточна Европа на Фондацијата Фридрих Науман), Бојан Маричиќ (Министер за правда на Северна Македонија), Виктор Гузун (Професор на Универзитетот во Талин и ICT консултант во Европа), Симонида Кацарска (директорка на ЕПИ), Ѓорѓи Вурмо (програмски директор на IDM- Тирана и експерт, дел од BiEPAG) и Станимир Панајотов (CAS – Софија) додека Љупчо Петковски беше во улога на модератор. Овој настан беше затворен за јавноста додека 20 внимателно избрани експерти учествуваа во работилницата. Таа беше многу продуктивна и воедно овозможи поврзување на естонскиот експерт за дигитализација со македонскиот министер за правда во поглед на планираните реформи на владата за дигитализација.