+389 2 3113 059

ТВОЈАТА ПРИКАЗНА

Како дел од платформата „Деполаризирај се“ е кампањата „Твојата приказна“. Целта на оваа кампања, повторно поддржана од  National Endowment for Democracy е подигнување на свеста за поефикасни, но и дигитални услуги за граѓаните во рамки на проектот „Нови предизвици во надминувањето на ‘демократското уназадување’ во Северна Македонија: ‘Заробената држава’ и ‘илибералната демократија’ во ревидиран контекст“.

Преку лични примери, обичните граѓани ги споделија своите искуства со административните лавиринти предизвикани од „заробената држава“. Овој метод собра стотици приказни на обичниот народ што се соочил со проблеми со транспарентноста, отчетноста и корупцијата во администрацијата.

Повеќе информации за кампањата се достапни на: https://www.depolarizirajse.org/tvojataprikazna.html