+389 2 3113 059

Повик за апликанти за Тинк-тенк програмата за развој на млади професионалци, дипломирани магистри и доктори на науки

Повик за апликанти за Тинк-тенк програмата за развој на млади професионалци, дипломирани магистри и доктори на науки

Повик за апликанти
за Тинк-тенк програмата за развој на млади професионалци,
дипломирани магистри и доктори на науки

Тинк- тенк програмата за развој на млади професионалци на Тинк- тенк фондацијата – Отворено општество (TTF), нуди можност за кандидати што имаат магистрирано или докторирано во последните две години на еден од универзитетите на ОЕЦД земјите (http://www.oecd.org/about/membersandpartners/list-oecd-member-countries.htm), и кои сакаат да стекнат искуство во тинк-тенк програмата на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Целта на ова програма е градење на капацитетите на младите професионалци од регионот преку вклучување во релевантни истражувања на политики на Институтот.

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е непрофитна научно-истражувачка установа, дел од Регистарот на научни установи на Министерството за образование и наука на Република Македонија (решение бр. 30). Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН – Скопје) спроведува истражувања на теми поврзани со политиките од областа на општеството, политичко-економската стварност, културата и родот.

Критериуми за избор на кандидатите:

– Завршени постдипломски или докторски студии во последните две години од областа на општествените и / или хуманистички науки на еден од универзитетите на ОЕЦД земјите (вклучително и стипендистите на Програмата за школарини на Отворено Општество и дипломираните на Централноевропскиот Универзитет во Унгарија);

– Да се државјани или лица со постојан престој Македонија;

– Да се на возраст помеѓу 23-35 години за време на аплицирањето;

– Одлично да го познаваат англискиот јазик;

– Да се заинтересирани за учество во истражувања од областа на родот, културата и студии на политиките.

Ангажманот на избраните кандидати ќе трае шест месеци, почнувајќи од ноември 2016. Избраните кандидати ќе бидат дел од Институтот и ќе бидат платени за позицијата како стажанти (помлади истражувачи), со цело работно време. Стажантите во својата работа ќе бидат водени од ментори од Институтот. Крајната цел на ангажманот на стажантите е вклучување во тековните полиси проекти и развивање на конкретни полиси продукти.

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на англиски јазик, како и копија од диплома или уверение за завршени постдипломски студии или докторски студии на некој од универзитетите од земјите на ОЕЦД, на адресата на Институтот: [email protected], најдоцна до 10ти август2016.

Leave a Reply