+389 2 3113 059

Поттикнување на активно граѓанство

Поттикнување на активно граѓанство

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје Ве поканува на јавната дебата на тема „Поттикнување на активно граѓанство“ која ќе се одржи на 28.05.2014 (среда) во 12:00 часот вo просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје. Дебатата ќе отвори дискусија како да се поттикне учеството на граѓаните во политичките процеси со напуштање на ставот и стравот дека не можат ништо да променат или дека ќе бидат партиски етикетирани.

На дебатата говорници ќе бидат: Катерина Колозова, Драган Антоновски, Петрит Сарачини и Бесим Небиу.

Дебатата е дел од проектот „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“ кој Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведува во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), а е финансиран од УСАИД и Фондацијата отворено општество- Македонија.

Проектот има за цел да отвори широка општествена дебата за важноста на медиумската слобода за општиот прогрес на граѓаните, како и вмрежување на граѓански организации кои ќе придонесат кон зајакнување на новинарската слобода и јакнење на демократијата.

Leave a Reply