+389 2 3113 059

Промени во класите и националните иденитети во Македонија од 1980

Промени во класите и националните иденитети во Македонија од 1980

Проектот ги истражува промените и социо-економските, политичките и етно-националните трансформации во македонското општество од 1980 година во однос на општествената класа, трудот, полот и национализмот. Додека фокусот е на Република Македонија (како дел од Југославија, а потоа како независна република) феномените за кои станува збор се транснационални и им се приоѓа од интердисциплинарна перспектива (имено социјалната историја, социјална антропологија, социологија, политички науки. Проектот има за цел да се истражат испреплетените промени во македонското општество во текот на последните триесет години, како продолжување на истражувачките активности на двете истражувачки институции Универзитетот во Грац, Австрија и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, Македонија.

Проектот има за цел да го поддржи заедничкото емпириско истражување и да ја негува долгорочната соработка помеѓу нашите институции; да се прошират постојните истражувачки активности од другите поранешни југословенски држави (Србија, Црна Гора) во Македонија; да се направи истражување во Австрија и да се овозможи меѓународна дистрибуција на истражувачки активности и резултати преку објавување на научен труд. Исто така со проектот ќе ја поттикне меѓународната кариера на младите истражувачи од двете земји.

Leave a Reply