+389 2 3113 059

ТРАЕКТОРИИ НА ГЛАМ-ПОПУЛИЗАМ

ТРАЕКТОРИИ НА ГЛАМ-ПОПУЛИЗАМ

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) Ве поканува на 30.08.2012 (четврток) со почеток од 19 часот на јавно предавање на тема „ТРАЕКТОРИИ НА ГЛАМ-ПОПУЛИЗАМ (Културни студии, конзумеризам, капитализам)“, што ќе го одржи доц. д-р Сенка Анастасова, членка на редовниот професорски кадар на постдипломските студии на ИОХН-С (ISSHS/www.isshs.edu.mk).

Серијата „Јавни предавања“ кои Институтот ќе ги одржува во текот на вториот уписен рок (од 21 август до 12 септември 2012) на своите магистерски програми по родови студии и студии на културата имаат за цел да ги промовираат програмите и условите за студирање на Институтот. Па така, освен во врска со темата на предавањето, публиката ќе има можност да постави прашања и во врска со магистерските студиски програми што ги нуди Институтот.

Во рамки на „Јавните предавања“, исто така, сите заинтересирани ќе можат да проследат предавања и на други професори од Институтот: Катерина Колозова и Маја Мухиќ, како и панел со Игор Јованоски и други. За датумите и точните наслови на останатите предавања на и панелот ќе ве информираме дополнително.

Предавањата и панелот ќе се одржат во новите простории за настава на Институтот во ДЦ. „Палома Бјанка“ на 6 кат, ул. „Даме Груев“ бр.16, 1000 Скопје. Ве молиме да ни го најавите вашето присуство (да се регистрирате за настанот) на [email protected] или со порака на нашата FB страница/група.

ТРАЕКТОРИИ НА ГЛАМ-ПОПУЛИЗАМ (Културни студии, конзумеризам, капитализам)
Предавањето ќе се фокусира врз методолошките и епистемолошките парадигми при дисциплинирањето на студиите на културата со посебен фокус врз кризата на социо-политички и економски контекст преку интерпретации на неколку траектории на (ре)презентација на популизмот во културата, денес, како и неговите облици на препознавање. Ќе се укаже на неодржливоста на капитализмот и на редефинирањето на класичните херархии во културата и уметноста.

СЕНКА АНАСТАСОВА, Директорка на Центарот за културологија и хуманистика, Скопје. Докторка по филозофски науки при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје. Нејзин домен на интерес се современите студии на културата, теориите на културата, филозофија на современата (поп/суб) култура. Своите докторски истражувања ги остварувала во Лондон на Greenwich University (Катедра за критички, комуниколошки и културни студии, менторка – Johnny Sue Golding). Соработувала со Универзитетот Лондон (со Claire Colebrook), а престојувала и научно соработувала на Macquarie University во Сиднеј, Австралија (Катедра за постколонијализам, теорија и креативно пишување, под водство на Marcelle Freiman). Членка е на Комитетот за наука на Бордот за уредништво во општествените и хуманистички науки при Светската Академија на науки, инженеринг и технологија (WASET). Ја добила престижната меѓународна награда ,,Воја Кондиќ’’ за најмлад научник во домен на културните науки за 2006 г, под покровителство на високо-образовната Фондација ,,British Scholarship Trust (BST) од Лондон. Лидерка е на бројни меѓународни научни проекти во домен на филозофијата и тоеријата на културата, естетиката и политиката на рецепцијата, родот и културните студии. Ги објавила теориските книги: ,,Современа популарна култура: теорија, културни студии, женска популарна култура (Центрифуга, Скопје, 2012), ,,Наративни идентитети: Криста Волф и Дубравка Угрешиќ’’ (Темплум, Скопје, 2007). Била долгогодишен научен истражувач при МАНУ. Објавува научни, стручни трудови и истражувања на англиски и македонски.

Leave a Reply