+389 2 3113 059

Школа за политика и критика 2021 „Материјалистички и колективистички борби за климатска правда: еко-социјализам, марксистички феминизам и критика на авторитаризмот воспоставувајќи обединета платформа“

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со поддршка на РЛС (Rosa Luxemburg Stiftung Southeast Europe) ја оддржа Школата за политика и критика 2021 „Материјалистички и колективистички борби за климатска правда: еко-социјализам, марксистички феминизам и критика на авторитаризмот воспоставувајќи обединета платформа“. Школата беше организирана од 10 до 12 септември 2021 во хибриден формат.

Главните говорници беа: Блер Тејлор (Сиетл, САД) кој зборуваше за еко-социјалистичките движења во Ковид-19, Здравко Савески (Скопје, Северна Македонија), кој зборуваше за апсолутната неспособност на капитализмот да се справи со климатската криза и Јавор Тарински (Софија, Бугарија/Атина, Грција) кој зборуваше за бирократијата и авторитаризмот како пречки за вистинска социјал-еколошка агенда и други поврзани прашања.