МАГИСТЕРСКИ ТРУД – ЗОРИЦА НИКОЛОВА
Автор: Зорица Николова
Наслов: Сексуалното вознемирување како форма на родово базирано насилство врз цисродови и трансродови жени: застапеност, разлики и последици врз менталното здравје
Година: 2022
Студиска програма: Родови студии
Апстракт
Предмет на истражувањето во оваа магистерска теза е сексуалното вознемирување врз цисродови и трансродови жени, неговата застапеност како форма на родово базирано насилство, како и разликите во последиците што оваа форма на насилство ги остава врз менталното здравје кај двете категории жени. Сексуалното вознемирување се анализира како сериозна форма на дискриминација и повреда на човековите права, вклучително и правото на достоинство, слобода и заштита од нехуман и деградирачки третман.
Трудот ги разработува причините за појава на сексуалното насилство, различните форми на сексуално вознемирување, како и физичките, психолошките, социјалните и економските последици врз жртвите. Посебен фокус е ставен на последиците врз менталното здравје, вклучувајќи депресија, посттрауматско стресно растројство, чувство на вина и срам, како и нарушена самодоверба.
Истражувачкиот дел се темели на квантитативна и квалитативна анализа на податоци добиени преку спроведено емпириско истражување, при што се анализираат разликите меѓу цисродовите и трансродовите жени жртви на сексуално вознемирување. Трудот ја разгледува и законската рамка за сексуалното вознемирување во Република Северна Македонија и Европската Унија. Во заклучните согледувања се истакнува потребата од поефикасни институционални механизми за превенција, заштита и поддршка на жртвите, како и од понатамошни истражувања во оваа област.
Клучни зборови
сексуално вознемирување, родово базирано насилство, цисродови жени, трансродови жени, ментално здравје, дискриминација, човекови права
Преземи магистерски труд
https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Магистерски-труд-Зорица-Николова.pdf
