МАГИСТЕРСКИ ТРУД – КЛИМЕНТИНА ЃОРЃИОСКА
Автор: Климентина Ѓорѓиоска
Наслов: Образовните траектории на учениците Роми во Македонија: интеракцијата на хабитусот, капиталот и антициганизмот
Година: 2024
Студиска програма: Родови студии
Апстракт:
Образовните траектории на учениците Роми во Македонија се исклучително диверзитетни и условени од повеќеслојни социјални, економски и културни фактори. Осипаноста на учениците Роми во образовниот систем претставува директна последица на различните образовни траектории кои се формираат во интеракција со семејниот хабитус, економскиот и културниот капитал, како и со структурната дискриминација и антициганизмот. И покрај воведувањето на задолжително средно образование од учебната 2007/2008 година, проблемот со напуштање на училиштето останува сериозен и системски.
Фокусот на овој магистерски труд е ставен на анализата на образовните траектории на учениците Роми во населбата Баир во Битола, при што се разгледува улогата на семејството, образовните институции, наставниот кадар и поширокиот општествен контекст. Трудот укажува на постоењето на институционални бариери, недостиг од ресурси, дискриминација и предрасуди во образовниот процес, како и ограничената поддршка од релевантните институции.
Истражувањето применува квалитативен пристап и ја вклучува родовата димензија како клучен аналитички елемент. Во заклучните согледувања се предлагаат системски мерки за подобрување на образовната инклузија, зајакнување на институционалната поддршка и поголема улога на невладиниот сектор, со цел намалување на осипаноста и создавање поинклузивна и правична образовна средина за децата Роми.
Клучни зборови:
ученици Роми, образовни траектории, осипаност, антициганизам, хабитус, културен капитал, образовна инклузија
Преземи магистерски труд
https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Магистерски-труд-Климентина-Ѓорѓиоска.pdf
