+389 2 3113 059

МАГИСТЕРСКИ ТРУД – ФРОСИНА КРУШКАРОВСКА

Автор: Фросина Крушкаровска
Наслов: Мизогинијата како наратив во рамки на десничарската радикализација
Година: 2025
Студиска програма: Студии на политики

Апстракт

Овој труд има за цел интерсекционално да го испита присуството, статусот, позиционираноста и функцијата на мизогините наративи во светогледот на крајната десница во Северна Македонија. Трудот аргументира дека мизогините и антиродовите наративи, во својата внатрешна логика на размислување и дејствување, се базираат на крајно-десничарскиот пристап и се интринзично поврзани и меѓузависни со другите крајно-десничарски наративи кои поттикнуваат исклучување.

На тој начин, мизогините наративи се идентификуваат како темелен елемент на крајно-десничарскиот светоглед, како влезен наратив и како катализатор кон десничарска радикализација. Истражувачкиот фокус е насочен кон две групи: поновиот бран на крајно-десничарски актери и антиродовите актери, преку анализа на нивните родово ориентирани наративи во македонскиот онлајн простор.

Посебен акцент се става на социјалните мрежи како доминантен простор за комуникација, вмрежување, пропагандизирање и идеологизирање, при што трудот укажува на нивната улога во ширењето и нормализирањето на мизогинијата, антиродовите политики и процесите на радикализација.

Клучни зборови

мизогинија, род, антиродови движења, крајна десница, десничарска радикализација, социјални мрежи

Преземи магистерски труд

https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Магистерски-труд-Фросина-Крушнаровска.pdf